Претседателот на САД, Доналд Трамп на прес конференцијата изјави дека Американската управа за храна и лекови – ФДА издала одобрение за итна употреба на конвалесцентната плазма за лечење на корона вирусот кај хоспитализираните пациенти.
Трамп ова го нарече „исторски откритие“. Во прашање е „моќна терапија со која по пат на трансфузија на крвта се селат антителата од крвта на оздравените пациенти во крвта пациентите кои се борат со инфекцијата. Оваа терапија има неверојатен процент на успех“, изјави Трамп.
Конвалесцентната плазма е создадена од крвта на луѓе кои се опоравиле од Ковид 19, а покажала успех и кај други два смртносни вируси – МЕРС и САРС. Се корости и за лечење од грип и ебола.
Кон крајот на март ФДА им отвори пат на научниците да се обидат да лечат со крвна плазма и да го проучат нејзиниот ефект. Досега во САД се лечени над 60 000 лица на овој начин.
Повеќе светски медиуми меѓу кои и хрватски Национал наавија дека покрај ова, Трамп ќе објави и дека американските научници откриле и друг ефективен лек против корона вирусот и дека токму поради тоа, во најавата, прес конференцијата е означена како мошне важна. Но, такво нешто на прес конференцијата не беше споменато.