Федералните резерви на САД се подготвуваат да ги зголемат каматните стапки за да ја сопрат растечката инфлација пред таа да излезе од контрола.
Американските централни банки од друга страна стравуваат од можноста покачените каматни стапки да го попречат процесот на закрепнување на стопанството што се уште се справува со негативните последици од пандемијата на Ковид-19.
Дополнителна несигурност на ситуацијата внесува и руската инвазија врз Украина, како и постојан недостиг на работна сила.
Федералниот комитет за слободен пазар на Федералните резерви на САД одлуката за каматната стапка се очекува да ја објави денеска во 17 часот по средноевропско време.
Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, изјави дека поддржува золемување на основната каматна стапка за 0,25 отсто, од нула проценти колку што беше од март 2020 година.
Гувернерот на Банката на федералните резерви изрази уверување дека инфлацијата ќе биде забавена наредните месеци откако ќе се надминат проблемите со прекините во снабдувањето и дефицитот на одредени стоки во најголемата светска економија.