Роџер Федерер во моментов е најтрофејниот тенисер на светот, но патот до тука беше многу долг.
Швајцарецот изјави дека неговите родители не верувале дека тој воопшто ќе може да стане професионален тенисер.
Како што истакна за „Ди Цајт“, семејството претрпело многу поради неговата страст кон тенисот и потрошило многу пари за неговите тренинзи.
– Татко ми ми кажа дека имам точно две-три години да станам тенисер. И дека треба да се вратам веднаш на училиште ако не го сторам тоа, истакна Федерер.
Тој наскоро стана најдобар јуниор во светот и најави одлична кариера во која досега има освоено 20 Гренд-слем титули.
Роџер нема да може да го подобри тој резултат до крајот на годината, бидејќи реши да се посвети целосно на закрепнување од операцијата и да се подготви за следната натпреварувачка сезона.