Поранешниот француски фудбалер Тиери Анри се вклучи во борбата на Афроамериканците за расната еднаквост во Соединетите Американски држави.

Како тренер на Монтреал Импакт, Анри клечеше 8 минути и 46 секунди во натпревар во МЛС лигата.

На тој начин му оддаде почит на Џорџ Флојд, Афроамериканец, кој почина пред месец дена, откако полицаец му држеше колено на врат скоро 9 минути.