Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер објави дека се повлекува од Грен слемот Ролан Гарос.
– Откако разговарав со луѓето од мојот тим, решив дека треба да се повлечам од Отвореното првенство на Франција. По две операции на коленото и повеќе од една година рехабилитација, важно ми е да го слушам моето тело и да не брзам со работите на патот кон закрепнување. Се гледаме наскоро! – напиша Федерер на Твитер.
Триесет и деветгодишниот тенисер во четвртото коло на Ролан Гарос, утре требаше да игра со Италијанецот Матео Беретини.