Во организација на клубот Илинден вчера на теренот до полициската станица за дресура на службени кучиња во Маџари се одржа првиот „Јунски коњички турнир“ и 2. коло од отвореното Државно првенство во прескокнување на пречки.

На програмата беа четири натпревари во прескокнување на пречки во Класите: А, Б, Ц и Д со височина на пречките 0,90 м. до 1,10-1,20 м.

Резултати по класи:

А-класа 0,90 метри: 1. место Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гроссо од КК. Бравадос, 2. место Ена Таневска со грлото Но Феар од КК. Анималс и 3. место Силја Дуковска со грлото Војводка од КК. Анималс.

Б-класа со височина на пречките 0,95 метри: 1. место освои Ева Димитриевска со грлото Ерос од КК. Бравадос, 2. место Ветон Куртаи со грлото Делано Лева од КК. Бравадос и 3. место Петар Млошевски со грлото Надја од КК. Бравадос.

Ц-класа 1,00 метар кој беше баражен: 1. место Леонида Гроздановска со грлото Парадисо-Силвано од КК. Анималс, 2. место освои Меланија Атанасовска со грлото Влеут од КК. Процес, 3. место Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК. Процес.

Д-класа: 1,10/1.20 метар: 1.место Леонида Гроздановска со грлото Парадизо-Силвано од КК. Анималс, 2. место Меланија Атанасовска со грлото Влеут од КК. Процес и 3. место Зоран Јовановиќ со глото Флика од КК. Бравадос.