Феенорд ќе го назначи Јап Стам за тренер во следната сезона, објавија холандските медиуми.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед ќе го замени Џовани ван Бронкхорст, кој на крајот од оваа кампања ќе замине по четири години на чело на клубот од Ротердам.

Четириесет и шест-годишниот Стам го води Цволе од почетокот на годината. Пред тоа, тој беше менаџер на англиски Рединг, каде што стигна до плејофот во својата прва сезона, но беше отпуштен пред крајот на втората.

Ван Бронкорст, кој го предводеше Фееноорд до првата титула по пауза од 18 години во 2017 година, објави во јануари дека ќе побара други предизвици по истекот на неговиот договор.