Социјалната мрежа Фејсбук од април до септември годинава отстранила 3.2 милијарди лажни содржини, како и милиони статуси со насилство врз деца и самоубиства, се вели во денешното соопштение на компанијата.
За споредба, во истиот период лани биле избришани 1.55 милијарди содржини.
Фејсбук активно открива содржини поврзани со терористички организации, како на главната мрежа така и на Инстаграм, се вели во соопштението.
Во мај годинава компанијата регистрирал значително зголемен број на случаи со отворање лажни профили. Мрежата од почетокот на оваа година отстранила две милијарди такви профили. Бројот на лажни страници помеѓу активните корисници на социјалната мрежа во тој пероид составил пет отсто.