Фејсбук избриша повеќе од 30 профили и страници со лажни информации за Романија, соопшти компанијата.
– Отстранивме четири страници, 26 профили и една Фејсбук група вклучени во координирана акција во рамките на мрежа која работела во Романија, чија цел беше луѓето да ги доведе во заблуда, се вели во официјалното соопштение.
Страниците и профилите се користеле за манипулирање со јавното мислење, на нив биле објавувани локални вести со измислени наслови чија цел била поддршка на владејачката Социјалдемократска партија. Избришани се и профили на корисници кои ги објавувале контроверзните содржини од сајтовите кои се претставувале како информативни.
– Иако луѓето кои стојат зад оваа активност се обидуваат да го скријат својот идентитет, нашата проверка покажува дека некои од тие акции се поврзани со политичар од Социјалдемократската партија, стои во соопштението на Фејсбук.