Фејсбук објави извештаи во кои, меѓу другото, се открива и дека преку сопствена вештачка интелигенција може да менува слики, на кои изгледаме „заспано”, односно во моментот на фотографирањето, не сакајќи сме трепнале.
Компанијата, како што веќе знаеме, користи софтвер што може да ни го препознае и запомни лицето, па користејќи други фотографии, тоа ќе умее да „ни ги отвори очите“ каде што мижиме, и сето тоа да изгледа реално и природно.
Сево ова на прв поглед звучи интересно и корисно, но повторно го покренува прашањето околу можностите и контролата на новите технологии кои прибираат информации за корисниците на друштвените мрежи.