Екипата на Фени индустри вечерва загуби со 103:95 речиси добиен натпревар против МЗТ Скопје Аеродром и значително си ги намали шансите за пласман во кошаркарската Супер лигата. Сега местото за разигрувањето за титулата за кавадарчани зависи од Куманово.

На натпреварот одигран во салата „Јасмин“ во Кавадарци, Фени водеше со 75:70 на една и пол минута пред крајот, во текот на натпреварот во неколку наврати имаше и двоцифрено водство, но МЗТ Скопје се избори за нерешен резултат по истекот на 40 минути.

Следуваа дополнителни пет минути по кои резултатот повторно беше нерешен, а победникот беше решен дури по второто продолжение.

Јане Петровски со 26 поени беше најефикасен во домашниот тим, Марко Симоновски постигна 25 за „сино-белите“ од Аеродром.