Промените кои сега ги гледаме во европските држави, пред пет години почнаа токму од Македонија. Прво со падот и заминувањето од власт на Зоран Заев и Венко Филипче како негов министер и најблизок соработник. Потоа, пред две години, со нокаутот на СДС на парламентарните избори и падот на наследникот на Заев, Димитар Ковачевски, конечно, дојдоа промените и Македонија се ослободи од криминалната и предавничка власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.

Народот доби надеж дека работите можат да бидат подобри и на избори избра достоинство, иднина, подобро утре и чесна работа.

Затоа несфатлив е феноменот кој владее кај СДС по изборите во соседна Србија. Живеат во илузија и се уверени дека 1000 пати повторена лага или измислена приказна, ќе стане вистина.

Го слават поразот на Александар Вучиќ, како тие да победиле на избори и како до вчера да не беа добри пријатели. Тие можеби сакаат да заборават и, веројатно мислат дека и народот има кратка меморија, па влегуваат во такви приказни, како едноставно кај нив Фројд да работи.

И ние и граѓаните добро се сеќаваме како до пред некоја година кога Филипче и Заев беа власт, како го величаа и му се поклонуваа на Вучиќ, додека на граница им донираше ковид вакцини, затоа што нашите сакаа да ги украдат.

Народот добро памети како до пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија за него се кажело некаков лош збор.

Додека, пак, негови блиски луѓе како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на СДС на власт, лично од Заев беа вдомени како советници во неговата влада.

Наместо да се занимаваат и слават победа на избори на партија во друга држава, пожелно би било СДС и Венко Филипче да си го средат сопствениот двор, и ако веќе мислат дека се подготвени и само што не победиле, нека повелат и нека побараат избори.

А, СДС и Филипче како ѓавол од темјан да бегаат од нив, заборавајќи дека во демократска Македонија на власт се доаѓа со победа на избори.

И кога веќе СДС и Филипче прашуваат кој е следен, одговорот е едноставен. Следен е Венко, затоа што тој е од истата, стара и криминална структура на СДС, на кого му тежат 20% провизија од анексот за зголемувањето на цената за модуларните болници, жртвите од модуларната во Тетово, Стабри вакцините, златната виза, бизнисите и станот во Дубаи, акциите во индиската авиокомпанија и многу други.

Едноставно кажано, со падот на Заев пред пет години почнаа промените во Македонија, продолжија со изборниот дебакл на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање и заминувањето од политичката сцена на Венко Филипче.

Фото: архива