Шпанскиот тенисер Давид Ферер ја заврши својата кариера. Тој синоќа во второто коло на АТП турнирот во Мадрид загуби од Германецот Александар Зверев со 2-0, по сетови 6:4 и 6:1.
Триесет и седумгодишниот Шпанец претходно изјави дека турнирот во неговата татковина ќе биде последен за него.
Ферер за 20-годишната кариера освои 27 трофеи во сингл. Ова е петти резултат меѓу активните тенисери. Повеќе од него имаат само Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
Најголем успех на Грен-слем турнирите му е финалето на „Ролан Гарос“ во 2013 година.
Вкупно Ферер помина на теренот 1.111 натпревари, постигнувајќи 733 победи. Најдобрата позиција во рангирањето на АТП е третото место во 2013 година.