Португалија не победи со 2:0 во мечот во Порто и ги урна нашите надежи дека можеби ќе успееме да стигнеме до Светското првенство во Катар.

Португалската репрезентација поведе со 1-0 против Македонија со гол во 31. минута.

Бруно Фернандеш е стрелец на голот, со асистенција на Кристијано Роналдо, откако претходно Стефан Ристовски направи грешка и ја изгуби топката.

Во првите 15-тина минути изгравме извонредно, а потоа Португалија ја презеде иницијативата и стигна до посед на топката помеѓу 65 и 70 отсто. Ние имавме два шута на Алиоски кон голот, но за жал без посериозна опасност по португалскиот гол.

Во второто поливреме не успеавме да наметнеме игра, не создадовме ниту една сериозна шанса, а надежите конечно ни го урна Фернандеш во 65 минута, кога преку една полу-контра го даде својот втор гол по што беше јасно дека немаме сила да направиме било каков пресврт, а рака на срце за тоа немавме ни шанса.