Во Пустец, Мала Преспа се одржа манифестацијата „Фестивал на зимата во Преспа“, со која официјално се означува почетокот на низа активности и одбележување празници, за оваа календарска година.
На манифестацијата, која веќе е традицонална, се презентираат не само природните убавини на оваа област распослана на брегот на Преспанско Езеро,туку и културните и кулинарски вредности. Исто така на штандови беа претставени и виното,медот и другите производи на вредните раце на Македонците.
Пред присутните се обрати албанскиот министер за туризам и животна средна,Бенди Кљоси,кој порача дека ваквите манфестации треба да се одржуваат и во екот на туристичката сезона, кога доаѓаат голем број странски туристи.
– Ние сме тука во Преспа за да дадеме поддршка за локалните манифестации.Со нивна реализација не само што се негува традицијата, туку се значаен придонес во развој на турзмот,во оваа преубава област.Тоа ќе услови поголем развој и економско зајакнување на општина Пустец, нови вработувања, подобар живот за сите, рече Кљоси.
Големиот број Македонци, жители на областа и поранешни жители кои тука беа дојдени по повод оваа манфестација и другите гости,ги поздрави и добредојде им посака градоначалникот на Пустец,Пали Колефски.
-Манифестацјата „Фестивал на зимата“,сега веќе традиционална, се надевам дека ќе продолжи во иднина,се разбира со подршка на локалната власт и Владата. Целта е да се промовираат природните убавини со кои изобилува Мала Преспа,културните и другите вредности на нејзините жители, рече Колефски.
На плоштадот „Гоце Делев“, пред црквата „Архангел и Михаил“, се разви и македонско оро, а се пееја македонски песни,од фолклорни групи од нашата држава, од Грција и Албанија.
„Фестивалот на зимата во Преспа“ се одржува во рамки на проектот за промоција и заштита на биосферата на подрачјето на Преспа, што го спроведува албанската, со подршка на германската влада.