Министерот Бујар Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднатите политичари, реагира Арбен Фетаи од опозициската Алијанса на Албанците.
Со ваква објава на Фејсбук реагира Фетаи, откако владини извори соопштија дека на синоќешната седница на Владата поминале уште 6 предлози за амбасадори, објави порталот на албански јазик „Ин7“.
Порталот ја пренесува целата објава на Фетаи на Фејсбук:
– Теута Арифи амбасадор во Европската унија, (Љубомир) Фрчковски во Обединетите нации и Вејсел Мемеди во Рим. Бујар Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднати политичари. Тенка е работата дека ќе добиеме датум за преговори, ја пренесува „Ин7“ објавата на Фетаи.