Себастијан Фетел ја негираше хипотезата на Хелмут Марко за тоа какви биле проблемите на Ферари во Австралија. Советникот на Ред Бул направи анализа за да ја види причината за заостанувањето на црвениот тим.
– Пронајдовме некои одговори, но уште не сме сигурни дали тоа е сè. Не верувам дека нашата положба е многу поразлична од онаа на останатите тимови. Што се однесува до Хелмут – по трката во Австралија, тој заспа во авионот, па не знам како успеал да анализира сè …вели Фетел пред трката во Бахреин.
Тој сепак вели дека „болидот губи темпо насекаде“.
– И кога велам насекаде, тоа ги вклучува и правците. Минатата година имавме многу ефикасен автомобил, а кон крајот дури го намаливме „даунфорсот“, за да сме побрзи на правците. Оваа година имам чувство дека автомобилот е многу силен, брз е во кривите, но сепак е побавен на долгите делници, додава Германецот.