Мајами излезе на чело Југоисточната дивизија во НБА лигата по победата над Далас со 105:99. Горан Драгиќ го запиша вториот „трипл-дабл“ во кариерата по 23 поени, 12 скокови и 11 асистенции, а Двејн Вејд одигра клучна улога за победата на Мајами, откако ја одзеде топката и постигна кош во завршните секунди од натпреварот.

Победата е 37-ма за Мајами во сезоната и беше доволна тимот да го смени Орландо од лидерската позиција во Југоисточната дивизија.

Хјустон го победи Денвер со 112:85 во дербито на Западна конференција. Џејмс Харден постигна 38 поени, а Клинт Капела запиша „дабл-дабл“ уште во првото полувреме со 13 поени и 11 скока, а натпреварот го заврши со 17 поени и 15 скока. Џамал ​​Мареј постигна 20 поени за Денвер.

Поразот го остави Денвер на втората позиција на Западот во регуларната сезона во спорот со Голден Стејт.

Резултати од НБА

Детроит – Орландо 115: 98
Филаделфија – Бруклин 123: 110
Мајами – Далас 105: 99
Њујорк – Торонто 92: 117
Хјустон – Денвер 112: 85
Милвоки – Лос Анџелес Клиперс 128: 118
Њу Орлеанс – Сакраменто 121: 118
Сан Антонио – Кливленд 116: 110