Првото Клупско светско првенство во нов формат во 2021 година ќе се одржи во Кина. Одлуката е донесена едногласно на состанокот на ФИФА во Шангај, се наведува на официјалната веб-страница на организацијата.

На турнирот ќе учествуваат 24 екипи. Осум клуба ќе учествуваат од Европа – четворица победници во Лигата на шампионите и Лигата на Европа во последните години. Доколку некој победи на овој турнир повеќе од еднаш, местото ќе му го даде на следниот тим со највисок степен од Европа.

Така, од европските екипи, први со обезбедено учество се Ливерпул и Челси, кои минатата сезона ги освоија Лигата на шампионите, односно Лигата на Европа.