Светската фудбалска федерација (ФИФА) – ќе инвестира една милијарда долари во женскиот фудбал во наредните четири години, донесена е одлука на состанокот на организацијата во Шангај.

– Советот на ФИФА донесе одлука да издвои уште 500 милиони долари покрај веќе предвидените 500 милиони американски долари. Овие 500 милиони ќе бидат распределени од нашите резерви, бидејќи нашата финансиска состојба сега е толку солидна како никогаш досега, така што можеме да користиме дел од нашите резерви за финансирање на женскиот фудбал, да создадеме нови турнири за развој низ целиот свет, изјави Џани Инфантино, претседателот на ФИФА.