Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави идеалниот тим на Светското првенство 2026, во кој очекувано доминираат финалистите Шпанија и Аргентина.
Новиот светски шампион и вицешампионот имаат по тројца свои претставници во најдобрите единаесет, додека останатите места ги пополнија фудбалери кои оставија силен впечаток со своите настапи на турнирот.
Еве како изгледа идеалниот тим на Светското првенство 2026 според ФИФА:
Голман: Орландо Гил (Парагвај)
Одбрана: Марк Кукуреља (Шпанија), Педро Поро (Шпанија), Лисандро Мартинез (Аргентина), Дајот Упамекано (Франција)
Среден ред: Родри (Шпанија), Енцо Фернандез (Аргентина), Џуд Белингем (Англија)
Напад: Килијан Мбапе (Франција), Ерлинг Халанд (Норвешка), Лионел Меси (Аргентина).




