Лука Модрич е сѐ поблиску до крајот на својата богата репрезентативна кариера, а според пишувањата на италијанските медиуми, легендарниот хрватски капитен би можел да се прости од националниот тим веќе на почетокот на октомври.

“Газета дело Спорт“ објави дека искусниот играч од средниот ред има намера да го одигра претстојниот репрезентативен циклус, односно првите четири натпревари од Лигата на нации, а потоа целосно да се насочи кон клупските обврски во Милан, каде што ќе настапува и следната сезона.

Доколку ваквите најави се потврдат, натпреварот против Шпанија на стадионот „Пољуд“ ќе биде последен репрезентативен настап за Модриќ, пред повеќе од 30.000 хрватски навивачи.

Модрич зад себе има импресивна репрезентативна кариера со 202 настапи и 29 погодоци.

Со националниот тим стигна до историското сребро на СП во Русија во 2018 година, а четири години подоцна го освои и бронзениот медал на Мундијалот во Катар.