Македонската фудбалска репрезентација бележи напредок за една позиција на ФИФА рејтинг листата објавена денес.
„Црвено-жолтите“ изминатиот период имаат победа над Косово и нерешени исходи со Естонија и Грузија, по што се најдоа на 65.место со 1.356 бода.
Репрезентацијата на Грузија против која Македонија ќе игра бараж за пласман на Европското првенство се наоѓа на 86.место со 1.287 бодови.
На првите пет позиции нема промени. Лидер е Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Португалија.
Во Топ 10 уште се: Шпанија, Уругвај, Аргентина, Хрватска и Колумбија.