Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го измени распоредот за претстојното Светско првенство во Катар, и спротивно на востановената традиција првиот натпревар да го игра домаќинот, завршниот турнир ќе го отворат Холандија и Сенегал.
Тоа ќе биде дуел од 1. коло во групата А во која се и Катар и Еквадор, но Холандија и Сенегал ќе истрчаат на теренот на стадионот Ал Тумам во Доха во 11 часот по средноевропско време, додека Катар и Еквадор својот дуел ќе го одиграат истиот ден, но од 17 часот на стадионот Ал Бајт во Ал Кор.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 22 ноември до 18 декември.