Светската фудбалска федерација (ФИФА) заработи 6,4 милијарди долари во текот на изминатите четири години, според извештајот цитиран од американските медиуми.

Покрај тоа, светската централа ги зголемила своите резерви на 2,74 милијарди долари, што е речиси милијарда повеќе од прелиминарната проценка.

За 2019 година, ФИФА очекува да заштеди 1,65 милијарди долари.

Во извештајот се додава дека платата на шефот на ФИФА, Џани Инфантино изнесува 1,9 милиони долари.

Неговиот претходник, Сеп Блатер, добивал 3 милиони долари за извршување на истите функции.