Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети американскиот колега Доналд Трамп во Вашингтон. Се очекуваше да биде потпишан клучен договор за минерали што ќе го отвори огромното минерално богатство на Украина за САД
Тема на разговор на средбата, која ја одбележале и повишени тонови, била војната во Украина. За време на средбата, пред Белата куќа се собрале околу стотина новинари и фотографи, меѓу кои и значителен број претставници на украинските медиуми, пренесува SkyNews.
Средбата завршила со фијаско.
Володимир Зеленски ја напушти Белата куќа по жестоката средба со Трамп во Тркалезната соба. Двајцата лидери се очекуваше вечерва да одржат прес-конференција, но таа беше откажана.
Реакција имаше и од Русија. Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на Кремљ за меѓународна економска и инвестициска соработка, средбата меѓу Трамп и Зеленски ја опиша како „историска“.
Полскиот премиер Доналд Туск му порача на Зеленски дека не се сами. „Драг Зеленски, драги украински пријатели, не сте сами“, напиша тој на X.
За разлика од него, соработникот на Трамп, Илон Маск, смета дека Зеленски се уништил себеси во очите на Американците.
Се очекува Зеленски да ја напушти Белата куќа набргу по средбата со Трамп и Венс која беше проследена со голема публицитет.
Иако се беше подготвено за потпишување договор за американски ангажман за користење на ретки минерали, по што требаше да следи прес-конференција, од тоа нема ништо. Договорот не беше потпишан, а прес-конференцијата беше откажана.
Трамп објави на Truth Social дека Володимир Зеленски би можел „да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.
„Денеска имавме многу важен состанок во Белата куќа. Научивме многу што никогаш не можеше да се разбере без да разговараме под таков притисок и во таква напната ситуација.
Неверојатно е колку емоции може да се откријат, а јас заклучив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир доколку Америка е вклучена, бидејќи тој верува дека нашето учество му дава огромна предност во преговорите.
Не сакам предност, сакам мир. Тој покажа непочитување кон Соединетите Американски Држави во Тркалезната соба. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“, напиша Трамп.