Најмалку 12 лица се повредени во пукање пред бар во населбата Кенсингтон во Филаделфија, објавија локалните медиуми.

Пукањето се случило во саботата вечерта по локално време во кафуле на раскрсницата на улиците Ист Алегени и Кенсингтон.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило околу 22:45 часот по локално време кога неколку луѓе излегле од црн автомобил и почнале да пукаат кон луѓето надвор од кафулето. При првичниот увид на теренот, полициските службеници пронашле повеќе од 40 куршуми.

Засега нема уапсени, но од полицијата велат дека се уште трага по црн автомобил во кој, како што велат, имало најмалку три или четири лица.