Болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево се уште се преполни со пациенти со Ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави се уште трае координацијата со директорите на овие болници со цел на секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје, каде што се уште има места во болницата во Козле, каде што ротира тима на лекари специјалисти инфектолози и пулмолози.
-Спремни се други дополнителни капацитети, меѓутоа, засега освен оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид центар како што беше тоа во претходниот бран, изјави Филипче.
Според него, оххрабруваат новите бројки на дијагностицирани во смисла на тоа дека опаѓаат, но премногу е рано да се каже дека ова е некаков тренд.
-Затоа будно ја следиме ситуацијата и ги следиме сите параметри, рече Филипче, повторно повикувајќи на масовна вакцинација.