Слушнавме како Орбан го фали Мицкоски, практично негова продолжена рака во овој дел на Балканот. Последниот авторитарен лидер во Европа доживеавме да го фали нашиот премиер дека бил брана за бегалците. Пазете каква иронија. Човекот којшто направи сè Унгарците да влезат во ЕУ, да ги користат сите бенефити, да бидат заштитени, сега ние сме брана за бегалците надвор од Европа“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средба со членовите на општинската организација Аеродром.
А вистината не е таква, Договорот за Фронтекс, кој што е потпишан, меѓу другото, и на македонски јазик, благодарение на нашите политики е „браната“, додаде Филипче.
-Договорот за Фронтекс, на чист македонски јазик во Европска Унија – без фусноти и без ѕвездички, е наша заслуга. Тоа е “браната” за мигрантите. Значи, повторно еден систем европски – од којшто нашата влада нè држи на страна, потенцираше Филипче.
Претседаелот Филипче додаде дека власта со своите политики ја уназадува државата, а ВМРО-ДПМНЕ продолжи таму каде што застана Никола Груевски.
-Ситуацијата во државата никој не треба да ја објаснува – многу добро гледаме секој ден како владее ВМРО-ДПМНЕ. Продолжија таму каде што запре Никола Груевски. Сè е исто, истакна Филипче.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ