Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот профил на Фејсбук објави дека исклучително е важно пациентите во Клиниката за психијатрија да имаат добри услови за престој, со оглед на тоа што дел од нив престојуваат и подолг временски период во клиниката.
-Првпат од отварањето на Клиниката за психијатрија во 1993 година, по 27 години, старите рѓосани кревети се заменети со 45 нови со удобни душеци. А за да можат пациентите да го поминат времето и надвор на свеж воздух, на неколку локации околу Клиниката се поставени и нови клупи. Вложуваме во унапредување на условите во здравствените установи за подобри здравствени услуги за пациентите и подобри услови за работа за здравствените работници, напиша на Фејсбук министерот Филипче.