Додека Венко Филипче изјавува дека граѓаните под 40 години ќе почекаат за вакцинација, тројца од министрите кои се вакцинираа денеска се уште немаат наполнето 40 години.
Бочварски, Бектеши и Маричиќ си добија вакцина иако се уште не наполниле 40 години. Бочварски и Бектеши се родени во 1985-та година, а Маричиќ 1983-та.
Вчера и Зоран Заев рече дека оние кои се постари од 40 години ќе почекаат за вакцинација додека да стигнат поголеми количини.
Зошто се побитни и покритични министрите помлади од 40 години од оние граѓани кои исто така работат, на пример во маркет или сервис каде имаат контакти со стотици граѓани, не е јасно.