Најголемиот губитник на локалните избори во Македонија, очигледно не ја сфати пораката на граѓаните ниту „ефектот“ на неговите т.н. црвени линии, кои изгледаа како бело знаменце и ново предавство на македонските национални интереси. По кој знае кој пат, или како што вели народот „ко слеп за стап“, тој и денеска на дело докажа дека е вистина дека „старите кутриња не знаат да научат нови трикови“, пишува Курир.

На денешниот совет за евроинтеграции тој звучеше како расипана плоча, повторувајќи ги истите СДСМ фрази за Извештјот на ЕК, додава Курир.

„Нема напредок во клучните области. Од тука се гледа дека оваа влада нема политичка волја да ги направи реформите, жалам што денеска слушам, дека денеска и овој период не бил време за реформи. Ако до минатата година имаше само еден услов, после еден таков извештај, не сум сигурен дека понатаму нема да имаме и други услови.“ додаде Филипче, кој ја куди владата зошто не го исполни демек единствениот сулов кој е безусловно и итно внесување ан Бугарите во Уставот, света македонска книга која СДСМ ја користеше како тоалетна хартија во минатото.

Нагласи и дека Македонија стои во место, а владата нема политичка волја за суштински реформи. Не потсети како тие ја „движеа“ со потпишување серија антимакедонски договори, еден од нив и Францускиот предлог кој го заглави патот на Македонија кон ЕУ и чии последици ги гледаме денеска. Не разјасни, зошто Резолуцијата која му ја напишаа во Бугарија и со која ја услови владата да ги внесе Бугарите во Устав до февруари не е доставена до Собранието, но кажа дека државата ризикува нови услови за отворање на преговорите. Не спомна дека тоа е поради ступидниот потпис на Француско-бугарската ујдурма коај ја верификуваше првиот Заев престолонаследник Ковачевски, сега заменет со Венко Филипче.

Се појасно е дека, ова нелогично дејствување кога партијата му пропаѓа, а тој се повеќе запнува за Бугарите, може да има некоја друга позадина, која пред неколку недели ја предочи премиерот Мицкоски, кој посочи на едни куферчиња со пари кои ги примил менторот на Венко. „Куферчињата“ го разбудија и Заев од зимскиот сон во кој западна во Дубаи, та веднаш реагираше во сопствена и Филипчева одбрана.

Филипче, лик со 3,7 доверба кај граѓаните ги бранеше и судиите кои имаат дури и помала доверба од него, цели ДВА НАСТО. Така, веројатно чувствувајќи се супериорен со 1,7 НАСТО повеќе доверба, претседателот на СДС ги истакна забелешките на Европската комисија за правосудството, борбата против корупцијата, медиумските реформи, економијата и образованието, сектори во кои, според ЕК, нема напредок или е забележано назадување и ја обвини власта дека вршела притисок кон судиите.