Во јавното здравство на С. Македонија првпат се инсталираат два апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Tesla, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил.
-На овие апарати ќе се прават најсовремени снимки со што ќе се овозможи најпрецизна дијагноза за многу болести кај наши пациенти. Еден од модулите за дијагноза ги нема ниту во центрите во регионот. Во ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија во Скопје традиционално се дијагностицираат најкомплексните состојби во медицината кај нас, објави Филипче.
Со новите апарати, тој додава дека капацитетот на Институтот ќе се зголеми за 50 проценти, а пациентите повеќе нема да чекаат.