Министерот за здравство, Венко Филипче, беше поканет и присуствуваше на роденден на Лара, ќерката на Јасмина Василковска, хуманата жена која неодамна почина а со донацијата на нејзините срце и бубрези беа спасени три човечки животи.
– Среќен роденден Лара! Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година.
Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство – напиша Филипче на Фејсбук.