Направивме многу, но имаме уште многу да направиме, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Продолжуваме да работиме посветено на подобрувањето во секоја област: инфраструктурата, опремата, терапијата, персоналот, затоа што само така со сеопфатен пристап кон сите сегменти во здравството, можеме да направиме функционален и одржлив здравствен систем за сите нас, истакна Филипче во новогодишното обраќање.
Поминавме, посочува министерот, период исполнет со многу предизвици, но и со многу успешни проекти кои ни даваат мотивација за да продолжиме уште посилно следната година.
– Од првиот ден на оваа Влада и беше кристално јасно дека по повеќе од деценија запоставување на целокупниот здравствен систем, ќе мора многу да работиме за да го излекуваме и подигнеме на нозе атрофираното здравство, вели Филипче.
Тој на граѓаните им ја честита Новата 2020 година и им посакува пред сѐ, добро здравје, среќна и успешна година.