Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција од партиското седиште изјави дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победил во три општини, а води уште во девет.
Тој ги повика граѓаните за помасовна излезност во вториот круг.
-Од досега пристигнатите резултати од локалните избори СДСМ во првиот круг победи во три општини – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Од преброените близу 70 отсто од гласовите водиме во уште девет општини, тоа се Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и Ранковце и таму ќе има втор изборен круг. И дополнително уште неколку општини каде што сме на второ место – Неготино, Виница, Демир Капија, Зрновци… рече Филипче.
На прашањето дали ќе поднесе оставка по овој голем пораз на СДСМ, филипче одоговори негативно.