Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека нема да поднесе оставка по пожарот синоќа во болница во Тетово, туку ќе почека да заврши истрагата, па потоа ќе доенсе одлука.
Според него, сите капацитети се целосно мобилизирани и во моментот се уште трае истрагата за пожарот. На владината седница е донесена одлука да се придружат и експерит од странство за независна и темелна истрага и сите наоди јавно ќе бидат презентирани.
Во ковид центарот имало 26 пациенти, медицинскиот персонал бил составен од двајца лекари и четири и медицински сестри. Нема повредени и починати медицински работници.
„Починатите се на возраст од 29 до 79 години и ќе се прават анализаи на днк за утврдување на идентитетот. – рече Филипче.
Во однос на модуларните болници, Филипче рече дека се запазени сите стандарди. Истрагата ќе утврди дали по предавање на објектот за користење, тој бил одржуван. Квалитетот на модуларните болници имал сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со А тест и под надзвор на акредитирана компанија. По завршување на сите постапки, модуларниот центар се предава на болницата за користење и одржување.
Во моментов трае истрагата, рече Филипче и замоли да се сочекаат официјалните наоди . Експерти од странство ќе помогнат во истрагата рече Филипче и додаде дека никој нема да ја избегне казната. Во моментот на пожарот имало 26 пациенти , од кои 12 биле евакуирани.
Филипче рече дека ја има целата документација за модуларната болница, која е изградена по стандарди на Светска банка.
Министерството ќе соработува со истражните органи, зашто во наш интерес е да дознаеме што се случи, рече Филипче.