Министерот за здравство Венко Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ.
Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека нема таков интерес, а во однос на информациите дека „Алијанса“ го бара ресорот здравство, рече дека сега се е во сферата на шпекулациите и дека во моментот фокусот е ставен на окрупнувањето на парламентарното мнозинство.
– Во однос на преговорите, сега се е во сферата на шпекулациите. Тие се уште траат во делот на усогласувањето на политичките ставови. И денеска премиерот има состанок со лидерот на Алтернатива после што ќе се соопштат ставовите. Сега фокусот е на окрупнување на парламентарното мнозинство, изјави Филипче.