Од 16 јуни (среда) целосно да се укине полицискиот час и ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1.000 лица.
Ова се одлуките кои изутринава ги донесе Комисијата за заразни болести, а кои денеска на својот фејсбук профил ги објави министерот за здравство Венко Филипче.
Предложените мерки, како што соопшти владината прес-служба ги прифати Главниот координативен КОВИД 19 кризен штаб и ги предложи на конечно усвојување на утрешната владина седница.
Сметаат дека епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува тоа.