Според информациите до кои дојде Алсат, до овој момент се потврдени 15 жртви настрадани во пожарот кој вечерва околу 21:00 часот ја зафати модуларната болница во Тетово.
Дека има жртви потврдија и од Министерството за здравство, а министерот Филипче потврди дека има 10 жртви, со тоа што бројката можеби ќе се зголеми, како што истакна самиот.
Пожарот избувна од засега непознати причини, а на теренот се забележува и зголемено присуство на истражни тимови и полиција.
Во тек е ИТЕН кризен штаб кој заседава во зградата на Општина Тетово.
Инаку, при градбата на модуларната болница беше истакнато дека таа ќе има капацитет од 35 пациенти.
Заев на ФБ изрази сочувство до семејствата на загинатите.
Инаку, екипи на крим техника, по наредба на ЈО влегле во просторот на модуларната болница.