Ние не инвестираме во споменици, инвестираме во луѓе кои прават историја, истакна министерот за здравство Венко Филипче на промотивниот митинг на кадрите на СДСМ за колакните избори во Кавадарци и Росоман.
– СДСМ ќе продолжи да инвестира таму каде е нејпотребно во инфраструктура, опрема, кадар, инвестираме во младите тие се иднината на оваа земја. Граѓаните се нашето најголемо богатство! СДСМ не инвестира во споменици, инвестираме во луѓе кои прават историја, рече меѓу другото Филипче.
Тој истакна дека неговата партија СДСМ носи прогрес.
– Росоман, Кавадарци знаат што е најдоброто, знаат што е вистинска инвестиција, како се инвестираат парите на граѓаните и како се гржиме за иднината на оваа земја. Отворени и транспарентни политики какви што спроведува СДСМ, тоа носи прогрес на нашата држава, рече Филипче.
Денеска премиерот Зоран Заев, еден месец по трагичниот пожар во тетовската болница, во која загинаа 14 луѓе, соопшти дека не ја прифаќа оставката на министерот Филипче.