Секојдневно на Клиниката за инфективни болести во Скопје има по седум до осум новозаболени со морбили и нема намалување на бројот на заболени, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека добро е што нема автохтона појава на епидемија во некој од градовите.

-Иста е динамиката на заболени, не очекуваме бројката да се намали, такви се епидемиолшките проценки во сите градови. Вакцинацијата оди со задоволителна динамика. Околу 2/3 од невакцинираните деца се сега вакцинирани во регионот на Скопје, посочи Филипче.

Тој го повтори апелот да се вакцинираат сите невакцинирани посебно децата. Информираше дека вкупниот број заболени од морбили во изминатите години изнесува околу 850.