Реформите во правосудството се клучни и сметам дека најавите на Владата за промена на членови на Судскиот совет и Републичкиот јавен обвинител апсолутно не е никаква реформа, туку притисок и партизација на судскиот систем, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.
Ако сега се направи упад во системот, тогаш целокупниот реформски процес, според Филипче, ќе се одложи за шест години.
– Сметам дека нема ниту една причина да не одиме по реформскиот пат на судството кој произлегува од планот за раст на Брисел. Како партија ќе поддржиме реформски закони во таа насока, се друго сметаме дека е упад во системот и обид за партизација, рече Филипче денеска на прес-конференција.
Според СДСМ, треба да се донесе нов Кривичен законик, компатибилен со европското, а било какви ад хок решенија нема да дадат резултат.
Фото: Архива