Со традиционалната честитка, Мир Божји, Христос се роди на сите православни верници, им го честитам големиот христијански празник – Божиќ!- објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

– Денеска присуствував на свечената утринска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, со којашто чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Денешниот ден е празник кој обединува, сплотува и кој значи безусловна љубов. Нека раѓањето Христово биде поттик да се потсетиме на вредностите кои не обединуваат – солидарност, хуманост, разбирање, заедничка грижа за доброто на секој човек. Живееме во свет коишто многу динамично и драстично се менува, во многу места во светот имаме војни и во таа смисла, посакувам оваа година пред се да е мирна и безбедна. Ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка. Во таа смисла сите заедно да работиме за да државата и општество ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење Посакувам Божиќ да донесе благосостојба, мир и спокој во секое семејство, во секој дом. Христос се роди! Честит Божиќ!- порачува Филипче во честитката.

Тој на својот профил ја објави честитката и повеќе фотографии од неговото празнување на Божик во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, од кои може да се види дека празникот им го честитал и се ракува со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерт Христијан Мицкоски.