Во изминатите две години, со конкретни мерки и политики во здравството покажавме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи и достапни лекови во кој било ден од месецот.
Урнисаното здравство коешто го остави ВМРО-ДПМНЕ после 11 годишното владеење, за само две години како одговорна политичка партија успеавме да го рехабилитираме. Унапредувањето на здравствениот систем во нашата држава е веќе реалност.
ВМРО-ДПМНЕ за 11 години го колабираше здравствениот систем мед персонал понизуван. Лекарите тепани и пукани. Рецидивите усте се присутни, се правесе план за несто сто требасе да е наводно нов кц а бесе лепенка од цигли, пациентите остануваа без потребните лекарства.
Ние се грижиме за граѓаните, со посветеност успеавме да обезбедиме, од први октомври, граѓаните да ги имаат потребните лекови во кој било ден од месецот.
Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостигот на лекови, во интерес на нашите граѓани лековите се препишуваат порационално, контролата е поголема, нема повеке паника гужва чекање.
Воведовме три нови инсулини и набавивме дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите, имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, укинат е паралелниот увоз. Сега, тие ја имаат најквалитетната терапија.за потсетуванје, во времето на вмро се носеа лекови кои немаа ефект.
Како никогаш досега, вложуваме во нови лекови за лицата со ретки болести.
За 2 години, обезбедивме 5 нови лекови и го зголемивме буџетот за ретки болести. За споредба, во 2016 година буџетот за оваа намена изнесувал 203 милиони денари. Оваа година обезбедивме 380 милиони денари, а со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнителни 120 за спинраза. Никој не чека лек ниту е надвор од регистарот.
Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ газеше врз достоинството и правата на медицинскиот персонал.
Ние го вративме достоинството. Воведовме мерки и преземаме активности преку кои, пред се на нашите млади здравствени работници да им овозможиме подобри услови за работа дома, во нашата држава.
Веднаш по завршувањето на образованието тие имаат отворени врати во здравствените установи. Отворивме два јавни повика за шест месечна платена работа за лекари и патронажни сестри и сите 290 заинтересирани и пријавени кандидати во следниот период ќе почнат со работа.
Ја покачивме платата за 10% на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти. Додека пак, со ребалансот на буџетот, од 1 септември ги зголемуваме платите во здравството и за дополнителни 5%. Нашето ветување е до крајот на мандатот, платата на лекарите специјалисти да изнесува 100 илјади денари.
Тоа ќе значи поголема мотивираност и ангажираност и поголема грижа за пациентите.
Матичните лекари од први ноември ќе добијат поголема капитација. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ таа се намали. Соочени со зголемени трошоци иста капитација имаат со години.
Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. Со тоа ги мотивираме лекарите и медицинскиот персонал, да останат тука, да продолжат да работат во јавното здравство.
За првпат, Владата предводена од СДСМ обезбеди средства за приватните специјализанти и одобрени се 931 специјализација за четири годишниот период.
Вложуваме во човечкиот капитал преку вработувања, зголемувања на плати и едукација, затоа што само така нашите здравствени работници можат да бидат задоволни и мотивирани во своето работење. Близу 5к согласности
Ставаме крај на времето на инструменти постари од 30 години и здравствените установи сега да ја имаат потребната стерилизација.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ најголемиот проблем беше немањето на соодветни стандарди, кое резултираше со интра-хоспитални инфекции, се бесе импровизација.
Сериозно го разгледавме и проблемот со инструментите. Тие се стари повеќе од 20 или 30 години. Заради многу често несоодвениот начин на третмант, заради стариот веж, заради тоа што е многу често искинат, сите ги знаете оние стари зелени униформи коишто се стари и повеќе од 30 години, сето тоа беше причина за големи интрахоспитални инфекции. Сето тоа беше за делумно голема новороденечка смртност.
Со централизирање на третманот на стерилизација на инструменти, обезбедување на нов веж, соодветно третирање на медицинскиот отпад, соодветно дезинфицирање и чистење на салите после секоја интервенција, веруваме дека како што кажуваат сите странски искуства ќе ги постигнеме највисоките стандарди и ќе ги задоволиме критериумите за борба против интрахоспитални инфекции.
Дозволете да кажам дека за првпат после 6,7 години е најмала стапката на новороденечка смртност, заради тоа што преземавме мерки на планско надградување на системот. Само да ве потсетам дека до пред некоја година по 2 бебиња лежеа во еден инкубатор. Ние инвестиравме и во опрема, меѓутоа инвестиравме и во подобрување на условите, но исто така и во луѓето. Во едукацијата на луѓето, во присуство на странски лекар кој значајно го надгради знаењето на нашите неонатолози. И денеска можеме со гордост да кажеме дека ова е еден резултат на којшто сериозно се приближуваме до светските стандарди
Донесовме нов Закон за прекинување на бременоста, со кој волјата на жената ја ставаме на прво место. Таа самата да одлучи што ќе прави со сопственото тело. За разлика од порано во времето на ВМРО-ДПМНЕ овој закон беше рестриктивен.
Ja започнавме постапката за изградба на нов Клинички центар. Го прекинавме договорот којшто беше потпишан од ВМРО-ДПМНЕ заради тоа што тој не беше соодветен. Затоа што беше една инвестиција само во цигли, која што требаше да биде лепенка и доградба на веќе постојни згради, којшто немаше да биде никаков функционален Клинички центар.
Бевме сведоци на обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за постапката, меѓутоа очигледно ниту ја прочитале, ниту ја разбрале. Сето тоа е согласно законот, сето тоа е јавна постапка. Тоа е постапка во којашто им упативме и покана да учествуваат и повторно ја упатувам истата, да бидат дел од еден проект којшто е капитална инвестиција, не само за нашите пациенти, граѓани во нашиот здравствен систем, туку и за нашата земја воопшто.