Министерот за здравство Венко Филипче ги повика граѓаните да не забораваат маска, дезинфекција и да држат дистанца.

– Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е, објави Филипче на својот ФБ профил.