Во понеделник ќе се потпише договорот за набавка на 200.000 вакцини за Ковид-19 од Кина, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче посочи дека во текот на вчерашниот ден Владата на затворена седница го усвоила Договорот за набаква на вакцини од Кина и го задолжила Министерството за здравство.
– Ние ќе го потпишеме во понеделник, после што се надевам дека за најкраток можен временски рок тие ќе стигнат во земјава. Ние интензивно работиме и на обезбедување на соодветен начин на транспорт.
Тоа значи дека станува збор за 200.000 вакцини, како што веќе најавивме, рече Филипче.
Министерот истакна дека во текот на изминатите денови е адаптиран и националниот план за имунизација.
– Националниот оперативен план за вакцинација го изготви националната техничка работна група за Ковид-19 во МЗ, тековно ќе се ажурира согласно динамиката на пристугнување на вакцините во земјава и спроведување на вакцинацијата, во зависност од количините, типот, спецификите.. Вакцинацијата ќе се врши преки постоечката здравствена мрежа и вакцинални пунктови. Направен е детален план за транспорт од аеродром до сите места каде што вакцините складираат, економските оператори и Здравствениот дом тука во Скопје, понатаму план за дистрибуција до вакциналните пунктови како и начинот на практично спроведување на вакцинацијата, наведе Филипче.
Министерот информираше дека во текот на вчерашниот ден е потврден капацитетот на ладните соби за чување со цел да бидеме сигурни дека може да се прими и складира целата количина на вакцини.
– Оваа вакцини се чува и се дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, што значи дека сите веледрогерии и компании и здравствени домови кои ќе бидат за складирање и транспорт на вакцините имаат капацитет и возила за чување и транспортирање на тие вакцини. Со тоа системот е целосно подготвен вакцините да се преземат од аеродромот и соодветно се складираат, додаде Филипче.
Тој изјави дека на дневно ниво, со работа на пукнтовите со полн капацитет очекува да се вакцинирааат од 2000 до 2500 граѓани.
– Вакцината е во форма на претходно наполнет инекциски шприц и со тоа на некој начин се олеснува апликацијата. За секој граѓанин кој што ќе ја прими првата доза веднаш ќе биде резервирана и втора што треба да се прими после 21 ден што значи дека со оваа пратка на вакцини имаме вакцини за 100.000 лица, додаде Филипче.
Во однос на категориите, министерот информираше дека, согласно планот први се вакцинираат сите лица од најризичната група, таа е поделена на две групи, во првата група се здравствените работници кои работат во Ковид центри со ковид пацинети.
– Здравствените работници од Клиничкиот центар ќе се вакцинираат на едно место на еден пункт предвиден за тоа, тука ќе се вакцинираат и останатите од тимовите коишто работат со Ковид. Останатите здравствени работиници од Скопје ќе се вакцинираат во Поликлиниката во Букурешт. Здравствените работници од другите градови во Здравствените домови во рамките на тамошните вакцинални пунктови, таму каде што живеат и работат, додаде Филипче.
Министерот рече дека со оглад на тоа што сега се обезбедува поголема количини, иницијално во втората приоритетна група можност за вакцинација добиваат сите грѓани над 70 години.
– Во втората фаза се вакцинираат лицата постари од 65 години, лица од 18 до 64 со коморбидитети или здравствени состојби со висок ризик, здравствените работници од Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, фармацевтите, стоматолозите и другиот здравствен персонал, вработени во други витални институции, критична инфраструктура и новинарите, вработени во образовните институции и градинки. Во третата фаза останатите преостанати лица од повеќе групи од други важни дејности како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена, банкарски сектор, земјоделие, останати вработени во образование во здравство со низок ризик на зараза, лица кои што не можат да одржуваат физичка дистанца и на крајот практично сите граѓани коишто сакаат да примат вакцина на возраст од 18 до 64 години, наведе Филипче.