Сите три нови лица на кои им е дијагностициран коронвирус се од Скопје. Станува збор за сопружници од Скопје кои се тестирале на Клиниката Жан Митрев, а пак, материјалот за тестирање го однел член на семејството.
Третиот пациент е исто од Скопје, а симптоми имал една недела, а сите лица со кои контактирал се мапирани и се чекаат резултати од тестовите на членовите на неговото семејство.
„Стабилна е состојбата на пациентите, како и на пациентката која е на респираторна машина. Во земјава има регистрирано 26 заболени пациенти. Утрово се тестирани 10 пациенти, позитивни се тестовите на 3 пациенти кои се тестирале на Клиниката Жан Митрев. Денеска, во Инстиутот за јавно здравје ги направивме повторно тестовите на тие пациенти и го потврдија нивниот резултат. Станува збор за пациенти од Скопје. Еден кој имал симтоми една недела и неговите контакти се мапирани и се изработуваат тестовите на членовите на семејството на овој пациент. Понатаму, фамилија сопружници, кои престојувале во странство и дошле во нашава држава пред неколку дена. Вчера, член на семејството ги однел материјалите на Клиниката Жан Митрев каде дале позитивни резултати. Првиот пациент е сместен на Инфективната клиника, сопружниците се сеуште на домашно лекување, тие во текот на денот ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
Филипче рече дека брачната двојка патувала во Бугарија, а пак пациентот од Скопје имал гости од Србија пред да му биде дијагностициран коронавирусот.
„Пациентот од Скопје имал гости од Србија. Тоа се епидемиолошките податоци кои што ги имам засега. Тие се наводно заболени. Ги контактираат тие луѓе, а соодветните информации ќе ги известиме и српските здравствени власти. Толку колку што знам до сега, ќе известиме и со соопштение за другите тестови за членовите на семејството. Брачната двојка патувале во Бугарија, дошле тука, биле на домашно лекување. Тоа се податоците со кои располагаат епидемиолозите од утринските контакти со нив, од интервјуто. Така што, биле на домашно лекување и повторно самоиницијативно пратиле материјали-брисеви во Жан Митрев. Двајцата сопружници биле изолирани на домашно лекување“, рече Филипче.