Најмалку 17 војници загинаа откако филипински воен авион „Ц-130“ со 85 војници во него се урна на југот на земјата, откако ја промаши пистата за време на слетувањето и веднаш се запали,изјави денеска началникот на армијата, пренесе ДПА.
-Најмалку 40 војници се спасени во несреќата до која дојде на островот Џоло, на 1.000 километри јужно од Манила, изјави генерал Цирилито Собејана, началник на Генералштабот на вооружените сили.
„Ние правиме се од себе да ги спасиме патниците“, додаде тој.
-Командантот за копнените сили вложува максимални напори да го изгасне пожарот и да ги спаси патниците, додаде тој.
Собејана кажа дека авионот „Ц-130“ пренесувал војници кога ја промашил пистата и се урнал додека „се обидувал да ја врати силата на моторите“.