Предлог законот за намалување на возраста за казена одговорност на 9-годишни деца на Филипини предизвика критики на организации за човекови права и законодавци кои предупредуваат дека тој потег може да им наштети на децата наместо да им помогне.

Одбор на Претставничкиот дом поддржа предлог закон за намалена возраст за казнена одговорност од 15 на девет години старост.

Сенатскиот одбор денеска ќе го разгледува законот и голем број сенатори веќе изразија загриженост за законот за кој сметаат дека повеќе ќе им наштети отколку да ги заштити од криминални групи што ги регрутираат.

Здружението за човекови права Карапатан порача дека законот ќе наведе милиони деца „под поголема опасност да бидат криминализирани и стигматизирани за целиот живот“.

Поднесувачите на законот велат дека тоа е поради алармантно зголемениот број криминалци кои користат малолетници за криминални дела.